3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБензема и Рибери нема да одат во затвор

Бензема и Рибери нема да одат во затвор

France Prostitution

Француските репрезентативци Франк Рибери и Карим Бензема денеска се ослободени од обвиненијата дека ангажирале малолетна проститутка.

Играчите на Баерн Минхен и Реал Мадрид не присуствувале на судењето, а пресудата била донесена поради недоволниот број на докази.

Заија Дехар, која сега има 21 година, тврди дека заминала во Минхен во 2009-та година како роденденски подарок за Рибери и ги излажала играчите дека е полнолетна. Таа исто така не присуствувала на судењето.

Иако признал дека имал секс со Дехар, Рибери тврдел дека не и платил на неа и дека незнаел дека тогаш била малолетна.

Бензема ги негирал сите обвиненија, дека платил 678 долари за сексуални услуги во мај 2008-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП