11 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилен раст на продажбата и профитот на Roche

Силен раст на продажбата и профитот на Roche

Swiss drugmaker Roche

Вкупниот профит на швајцарскиот фармацевтски гигант „Roche“ во изминатата година достигна 11,4 милијарди франци, што претставува раст од 18 проценти во однос на 2012 година, многу поголем од очекуваниот, соопштија од компанијата.

Приходите од продажбата во исто време се зголемиле за три проценти, на околу 46,8 милијарди франци, пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.

Зголемувањето на приходите на оваа фармацевтска куќа се должи на побарувачката на лекови во областа на онкологијата, имунологијата и офталмологијата, како и кај дијагностичките препарати за клиничката лабараторија, се прецизира во соопштението на компанијата. Растот на продажбата во локална валута изнесува 6,0 проценти.

Во минатата година „Roche“ забележа значително зголемување на оперативниот профит oд 4,0 проценти (8,0 во локална валута), на 17,9 милијарди франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП