3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд зема талент од Партизан, а договори и Колумбиец

Дортмунд зема талент од Партизан, а договори и Колумбиец

bvbbb

Повредите во Борусија Дортмунд го натераа Јирген Клоп да погледне кон трансфер пазар, а според „Билд“ тренерот веќе договорил две нови засилувања – едно за сега и едно за следната сезона.

Според изданието, „жолто-црните“ веќе го привлекоа Србинот Милош Јожиќ. 21-годишниот талент е фудбалер на Партизан и од почетокот на сезоната има 6 гола и 7 асистенции во 15 натпревари. Тој, финалистот во Лигата на Шампионите,  ќе го чини 2,2 милиони евра.

Јожиќ веќе го напуштил кампот на Партизан во Турција и од средата е во Дортмунд. На својата страница на Фејсбук Србинот напиша: „Следна дестинација , Борусија Дортмунд“.

Дортмунд мисли и за следната сезона. По решавањето на Донг- Вон Жи, сега германскиот гигант го договорил и напаѓачот на Херта Берлин Адријан Рамос. Двата клуба треба да се договорат за трансферната сума, но во пракса трансферот е сигурен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП