20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.01.2014

Дневен хороскоп 30.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Одредена расправија со некој пријател ќе ве натера да размислите каде сте згрешиле. Најверојатно само сте се нашле во погрешно време на погрешно место. Ви изгледа дека вашиот пријател има проблем со финансиите, но не е подготвен да разговара за тоа. Почекајте тој сам да ви се обрати, така полесно ќе го решите проблемот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Преку глава ви е од работните обврски, па размислувате за патување. Потрудете се да го реализирате, но не олабавувајте се премногу. Бидете внимателни со соработниците. Некоја Водолија се нуди да ви помогне, верувајте и, нејзината понуда е сосема искрена. Внимавајте на здравјето, премногу јадете.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Наидувате на проблеми кои се беспотребни. Потрудете се да се смирите и да функционирате во најдобар ред. Копнеете за промени во секој поглед. Ова е период на мрзеливост, затоа и не очекувајте некакви спектакуларни промени. Бидете трпеливи и се ќе си дојде на свое место.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не трошете си го времето бадијала. Можни се патувања во странство. Големи се шансите да добиете поголема функција. Бидете упорни и не пропуштајте ја оваа можност. Голем дел од пријателите се подготвени да ви помогнат во секој момент.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе имате можност да направите промени во вашиот живот поврзани со социјализирањето. Ова е одличен ден за да ги обновите контактите со стари пријатели или пак да започнете да се дружите поактивно со сегашните. Бидете организатор на забави, прошетки во природа, групно готвење и сл. Потребна ви е забава и не постои причина зошто да не си ја дадете.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

До израз ќе дојде вашата грижливост, практичност и подготвеност за напорна работа. За да донесете правилна одлука ќе ви помогне медитацијата. Не потценувајте ги непријателите. Некоја Вага се нуди да ви помогне, внимавајте на нејзините намери.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Поставете си амбициозни цели. Напуштете го ставот дека одредена амбиција е преголема за се обидувате да ја остварите. Можете да постигнете многу повеќе отколку што си мислите. Прифатете ја помошта што ви ја нуди еден Бик.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денешната млада месечина е во водолија, вашиот сектор на кариерата, па не се изненадувајте ако почувствувате дека работите на професионален план се движат по нагорна линија. Во овој период не е лоша идеја да помислите за започнување на сопствен бизнис. Планетите ќе ви бидат наклонети.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Некој настан или собир со пријателите ќе биде одлична прилика за запознавање на една посебно возбудлива личност. Ќе почувствувате посебна емотивна и романтична привлечност. Ако во моментов не сте во врска, но дури и ако сте, ова поврзување е посебно, затоа вреди да се потрудите. Не заборавајте на обврските кои ги имате на работното место, обидете се да ги завршите во дадениот временски рок.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Преиспитајте ги своите барања и критериуми. На работното место предизвикувате конфликти. Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Работевте напорно, затоа може да очекувате и финансиска добивка. Партнерот ве поддржува во се, но немојте премногу да го искористувате тоа. Ве очекуваат промени и тоа во позитивна насока. Доколку научивте да се слушате себе и сопствените потреби, ќе биде се во ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП