4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМинатата година шпанските клубови најмногу продавале фудбалери

Минатата година шпанските клубови најмногу продавале фудбалери

spanish-football

Шпанските фудбалски клубови оствариле најголем приход од продажба на играчи во 2013 година, соопшти денес Светската фудбалска асоцијација – ФИФА.

Клубовите од Примера на основ на трансфери заработиле 565 милиони долари, на второ место се италијанските клубови со 436 милиони долари, Португалците со 323 милиони долари се трети, а по нов следуваат Бразил (312), Англија (300),…

Од балканските фудбалски лиги најдобро котираат хрватските клубови со 61 милион долари заработка од трансфери на фудбалери минатата година.

ФИФА информира дека англиските клубови со 913 милиони долари убедливо водат во потрошени средства за нови играчи.

По Англија најмногу за засилувања се трошело во италијанската Серија А (475), француската Лига 1 (420), шпанската Примера (319), Бундес лигата (239),…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП