28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали овој автомобил ќе биде побрз од Veyron?

Дали овој автомобил ќе биде побрз од Veyron?

vozilo koningg

„Koenigsegg“ потврди дека на саемот за автомобили во Женева ќе го претстави својот нов хиперавтомобил, моделот „One:1“, за кој овој производител тврди дека ќе може да развие брзина од 450 km/h.

До премиерата на моделот „One:1“ на женевскиот авто-саем не дели нешто повеќе од еден месец. Па претставата за тоа како овој автомобил ќе изгледа можеме да ја стекнеме врз основа на компјутерските цртежи кои беа објавени некаде на половината на 2013-та. Од „Koenigsegg“ објавија дека „One:1“ ќе биде изработен во само шест примероци, а тоа колку автомобилот е ексклузивен говори и податокот дека сите возила веќе се распродадени, иако неговата цена се уште не е јавно соопштена.

Инаку, ознаката „One:1“, како објаснува производителот, претставува однос меѓу масата и снагата на моторот. Тоа значи дека автомобилот во целост подготвен за возење, без возач, ќе има маса од 1.400 kg, додека моторот ќе произведува исто толку „коњски сили“.

Според компјутерските пресметки кои ги објавија од „Koenigsegg“, моделот „One:1“ би требало да биде најбрзиот серски автомобил кога станува збор за забрзувањата од 0-200, 0-300 и 0-400 km/h.

Шведскиот производител дури тврди дека нивниот автомобил до 400 km/h ќе стигне за неверојатни 20 секунди, што е за 25 секунди побрзо од резултатот кој го постигнува „Veyron Super Sport“.

Максималната можна брзина на автомобилот во теорија изнесува 450 km/h, што е за 20-тина km/h повеќе од хиперавтомобилот на „Bugatti“, кога од него ќе се тргне ограничувањето на брзината, додека најбрзиот сериски „Veyron“ кој им се испорачува на купувачите, достигнува „дури“ 415 km/h. Останува да се види дали од безбедносни причини и „Koenigsegg“ електронски ќе ја ограничи најголемата брзина на својот модел кога ќе се најде во продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП