3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректорот на Nintendo се казнил самиот себеси

Директорот на Nintendo се казнил самиот себеси

nintendo zaguba boss

Претседателот на јапонскиот производител на видео игри „Nintendo“, Сатору Ивара, ќе ја преполови својата плата поради деветмесечниот пад на профитот од 30 проценти.

Ивара на новинарите во Токио им рекол дека пет месеци ќе прима пониска плата за да го надокнади падот во заработаката поради се послабата побарувачка на играчката конзола „Wii U“, додека на другите членови на управниот одбор на компанијата, платата ќе им биде намалена од 20 до 30 проценти.

Овие вести пристигнуваат една недела откако јапонската компанија ги шокираше инвеститорите со предупредување дека во фискалната 2013/14-та која завршува во март, ќе забележат големи загуби.

„Nintendo“ во девет месеци, заклучно со декември, заработи 10.20 милијарди јени (98 милиони долари), но и евидентираше пад на приходите од 8.1 отсто со оперативна загуба од 1.5 милијарди јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП