25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.01.2014

Дневен хороскоп 29.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некој настан или собир со пријателите ќе биде одлична прилика за запознавање на една посебно возбудлива личност. Ќе почувствувате посебна емотивна и романтична привлечност. Ако во моментов не сте во врска, но дури и ако сте, ова поврзување е посебно, затоа вреди да се потрудите. Не заборавајте на обврските кои ги имате на работното место, обидете се да ги завршите во дадениот временски рок.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се чувствувате одлично, а тоа придонесува и за изгледот и енергијата што ја ширите во околината. Постојано сте во центарот на вниманието. Желбата за наметнување на сопствените вредности е изразена, но немојте да дозволите другите да помислат дека не вредат или дека не се способни.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес за промена овозможете си малку повеќе одмор и не се трудете работите да бидат совршени, бидејќи никој нема да го бара тоа од вас. Одложете ги задачите кои немаат краен рок и порелаксирано работете го она што ви е со висок приоритет. Одделете си време за да се погрижите за вашите финансии и да направите план за штедење.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Кога и да ве побара некој за помош, вие веднаш дотрчувате. Но, денес помислете двапати пред да дадете потврден одговор. Не дозволувајте вашите задачи и обврски да останат недовршени само за да бидете добар колега или пријател. Поедноставете ги вашите ангажмани и поставете си приоритети, а притоа земете го предвид и вашето здравје.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ви е потребен пријател на кого можете да му верувате. Споделете ги емоциите кои веќе подолго време ги чувате во себе и ќе се чувствувате многу подобро. Вие никогаш не сте успеале да ги задржите за себе и целосно да ги потиснете чувствата, па и сега ослободете се од напнатоста без оглед на она што ќе следува.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Однесувањето на соработниците ќе влијае на вашето денешно расположение и планови. Бидете дисциплинирани кога е во прашање здравјето. Додека на едно поле ќе назадувате, на друго ќе ви се отвораат нови можности. Нервите ви се чувствителни. Внимавајте на исхраната. Можни се ситни неприлики коишто ќе ве успоруваат на патот кон целта.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денешните средби, контакти и разговори со луѓе ќе ве усреќат. Вашата дружељубивост ќе и биде симпатична на околината. Ќе бидете успешни во комуникацијата, учењето, трговијата и давањето услуги. На работното место се оди како што сте замислиле. Бидете посериозни и ќе успеете да ги реализирате плановите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

За полесно да ги поднесете обврските, настојувајте да ги поделите со домашните. Би можеле да задоцните на некој договор или да се оптоварувате со трачеви и неважни ситници. Некои планови ќе се сменат во последен момент, но не по ваша заслуга. Извршете ги последните подготовки.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Среќата ви тропа на врата. Одговорете на нејзиниот повик и бидете сигурни дека нема да зажалите! На работа немате конкуренција. Имате можност да покажете се што знаете. Чувајте се од настинки и внимавајте на здравата исхрана. Наметнете се со своите идеи и планови.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Нема да бидете доволно смирени за улогата што сами себеси си ја наметнавте. Одложете се! На работното место се можни сплетки, но немојте да учествувате во нив. Не дозволувајте деловните проблеми да ја нарушат хармонијата во вашиот интимен живот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Иако си мислите дека добро ги познавате луѓето со кои комуницирате речиси секој ден, денес некој ќе ве изненади. Пријател или колега ќе ви признае нешто што ќе ве запрепасти. Доволно ќе биде да го ислушате за да му го олесните товарот. Вечерта со вас ќе завладее спокојство и ќе почувствувате дека животот ви се движи во правилната насока.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете многу расеани и збунети. Другите луѓе ќе ве предупредуваат на поволните прилики и вистинските моменти за акција. Во љубовниот живот ќе изразите желба повнимателно да ги истражите причините на случувањата што ве загрижуваат. Внимавајте на здравјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП