29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.01.2014

Дневен хороскоп 28.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес вие би можеле да ги проширите своите хоризонти на глобално ниво. Најмногу сакате да отпатувате во некоја далечна земја, а можеби ќе размислувате и да се преселите. Во моментов вашите финансии одговараат на вашите желби, па во можност сте да си овозможите нешто. Уживајте во денешниот ден.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Иако си мислите дека добро ги познавате луѓето со кои комуницирате речиси секој ден, денес некој ќе ве изненади. Пријател или колега ќе ви признае нешто што ќе ве запрепасти. Доволно ќе биде да го ислушате за да му го олесните товарот. Вечерта со вас ќе завладее спокојство и ќе почувствувате дека животот ви се движи во правилната насока.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вредно работите и ги остварувате своите цели. Друштвени сте и интересни, затоа ве очекува пријатен и комуникативен ден. Големи количини енергија трошите на креативни работи и тоа ќе резултира со успех. На емотивен план очекувајте изненадување од партнерот, но и прекрасни моменти.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не се стремете да постигнете успех по секоја цена. Луѓето се поважни од резултатите, па подобро е да ги негувате односите со нив, наместо да ги „газите“ во обид да стигнете до врвот. Вечерва ќе успеете да решите проблем кој подолго време ви ги нагризувал односите со блиска личност.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Самоуверени сте и постојано во акција, бидејќи само така ќе успеете да докажете дека ништо не е невозможно. Зрачите со енергија, но нетрпеливи сте, а тоа може да ви донесе проблеми. Доколку не успеете да ги совладате препреките, здравјето ќе биде на удар. Односите со партнерот се одлични.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Чувствувате потреба да се обезбедите за моменти кога ќе ви биде најтешко. Тоа не е лоша особина само ако не загрозувате никого. Периодот пред вас е добар ако се занимавате со трговија. Имате целосна поддршка од блиските, прифатете ја, но потрудете се да не разочарате никого.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вие сте практични и приземни личности кои ги обожаваат фактите. Но, денес е подобро малку да намалите со анализирањето и да и се препуштите на вашата интуиција. Тивкото гласче во вашата глава ќе ви потшепне кои се правилните чекори за вас, па со мал ризик, ќе остварите голема добивка.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се чувствувате слободно, но тоа не значи дека треба да се олабавите премногу. Подготвени сте да му покажете заби на секого што ќе ви застане на патот. Не почнувајте да работите повеќе работи одеднаш, може некаде да заглавите. Посветете му внимание на партнерот, кој во последно време го запоставивте.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Тврдоглави сте, но тоа е поради вашиот силен карактер. Доколку сте во конфликт со партнерот, бидете свесни дека некој треба да попушти. Подгответе му изненадување. Зачувајте ја храброста, бидејќи ве очекува период на шокирање. Работните обврски се повеќе ви причинуваат задоволство.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот пред вас ќе ви донесе свежа енергија која ќе го поправи расположението во следните денови. Денес нема да бидете расположени некој да ви укажува што и како да направите. Едноставено денес не сакате никакви ограничувања. Денес вие се сметате за лидер и не сакате ништо да ве попречи.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Се чувствувате немоќно бидејќи сте преполни со негативна енергија. Секоја ситуација за вас е проблематична, затоа мора да се промените. Бидете посигурни во себе ако сакате да ве почитуваат и другите. Имате поддршка од партнерот, а тоа ви ја дава единствената сила и желба да продолжите понатаму.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате премногу обврски и тоа во време кога не е сезона за тоа. Но, ќе заработите добра сума и ќе почнете нови проекти. Во одлична форма сте. Планетите ве штитат на тој начин што ви испраќаат позитивна енергија и случувања. Внимавајте да не ја пропуштите добрата шанса, ако не се активирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП