28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДвојно зголемен профитот на LG Electronics

Двојно зголемен профитот на LG Electronics

lglg15mklop

Јужнокорејската компанија „LG Electronics“, вториот светски производител на телевизори, зад „Samsung“, во четвртиот квартал од 2013 година оствaри двојно поголем профит во однос на истиот период претходната година, воедно подобар и од очекуваниот, благодарение на успешната продажба на телевизори на американскиот пазар.

Како што пренесува Ројтерс, оперативниот профит на „LG“ во тој квартал изнесувал 238 милијарди вони (161 милион евра), во однос на 117 милијарди една година претходно, додека 35 финансиски аналитичари во просек предвидoа профит во вредност од 223 милијарди вони.

Во одделот за телевизори профитот изнесувал 174 милијарди вони, за разлика од 80 милијарди во четвртиот квартал од 2012 година.

Во секторот за мобилни телефони, каде ја зазема третата позиција во светот, зад „Samsung“ и „Apple“, „LG“ забележа оперативна загуба од 43 милијарди вони, додека во истиот квартал во 2012 оствари профит од 56 милијарди. Како причина за лошите резултати во овој сектор, компанијата ги наведува зголемените трошоци за маркетинг.

За 2014 година „LG“ предвидува раст на приходите од продажбата од седум проценти, на 62,300 милијарди вони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП