26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus гаси 1.400 работни места

Airbus гаси 1.400 работни места

erbass otk

Eвропската воздушна корпорација „Airbus Group“, поранешна „EADS“, планира во Франција да затвори 1.400 работни места во наредните години.

Според извори од Синдикатот, од планираните 1.400 откази, 396 ќе бидат врачени во Тулуз, а 411 во Еланкур.

Како што пренесува „AFP“, членови на дирекцијата на оваа корпорација и претставници на европските синдикати од секторот за воздухопловство и одбрана, денеска се сретнале во Тулуз за да го разработат планот за реструктуирање кој предвидува гаснење на 5.800 работни места ширум светот.

Во рамките на дивизијата „Astrium“ (задолжена за вселената) ќе бидат избришани 396 работни места во Тулуз од вкупно 2.5000, 309 во парискиот регион Миро и 213 во Бордо.

Уште 411 работни места ќе бидат затворени во парискиот регион Еланкур, главното седиште на дивизијата „Kasidian“ (oдбрана).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП