28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМекларен подготвува нов суперавтомобил

Мекларен подготвува нов суперавтомобил

meklaren nov model

Овие денови се појавија информации дека британски „Мекларен“ работи на нов суперавтомобил познат како „P15“, кој во нивната флота ќе се смести меѓу моделите „12C“ и „P1“.

„Мекларен P15“ ќе има каросерија од јаглеродни влакна и централно поставен турбо-мотор кој се претпоставува дека ќе биде преработен од 3.8-литарски V8 „bi-turbo“ агрегат кој се користи во „Мекларен 12C“.

Иако нема повеќе информации за новиот модел, веќе се зборува дека ова возило ќе биде главен конкурент на „Ферари Ф12 Берлинета“ и „Ламбурџини Авентадор“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП