8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung за патенти ќе му плати над половина милијарда долари на Ericsson

Samsung за патенти ќе му плати над половина милијарда долари на Ericsson

Ericsson-Samsung

„Samsung“ ќе и плати над половина милијарда долари на компанијата „Ericsson“, како дел од новиот договор меѓу двете компании за користење на патентите на шведската компанија, објави агенцијата „Reuters“. Договорот е последица од обвинувањата на „Ericsson“ дека „Samsung“ бесправно ги користи нејзини патенти.

Двете компании не ги откриваат точните детали околу зделката. „Ericsson“ сепак истакнува дека благодарение на неа приходите за последниот квартал ќе се зголемат на 652.3 милиони долари, а нето приход ќе скокне на 512.5 милиони долари.

Освен тоа „Samsung“ ќе продолжи редовно да плаќа за да продолжи да ги користи патентите на „Ericsson“. Износите, се разбира, ќе се помали, но компаниите не ги прецизираат. Договорот е потпишан за неколку години, а од „Ericsson“ дополнуваат дека тој е помеѓу четири и седум години.

„Ericsson“, која е најголемиот производител на мрежна опрема во светот, го тужеше „Samsung“ на крајот на 2012-та година. Обвинението беше дека корејската компанија користи технологии со кои ги нарушува патентите на Швеѓаните.

„Samsung“ вчера потпишан договор за размена на патенти со „Google“, соопштува интернет изданието „Re/Code“. Двата гиганта ќе имаат право да користат голем дел од постоечките патенти, како и оние кои ќе бидат пронајдени во следните 10 години напред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП