1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПосакувате рамен стомак? Еве како...

Посакувате рамен стомак? Еве како…

stomachnite1115

Едноставно е: за да ги покажете вашите нови стомачни мускули, треба да ги намалите телесните маснотии. Можете да потрошите два килограми неделно, ако конзумирате 500 калории на ден помалку од обично. Но, погрижете се да јадете доволно, бидејќи во спротивно, вашето тело ќе започне да складира енергија како масти.

Користете тетратка, календарче или некоја од специјализираните веб страници, со цел да си го олесните броењето на калориите.

Конзумирајте малку протеини со секој оброк. Тоа ќе ви помогне во стабилизацијата на нивото на шеќер во крвта и ќе ви го намали чувството на глад. Јаткастите плодови, јајцата, месото без маснотии, пилешкото, рибата и млечните производи со ниско ниво на масти, како јогуртот, се добри извори на протеини.

Избегнувајте предизвикувачи на надуеност како што се вештачки засладените производи, гумите за џвакање, храната богата со натриум или шеќери и газираните пијалаци.

Јадете зеленчук: богат е со влакна, кои ќе придонесат за подолготрајно чувство на ситост. За ручек или вечера, наполнете ја чинијата до половина со овошје, а остатокот нека биде мешавина на чисти протеини и интегрално пециво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП