25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.01.2014

Дневен хороскоп 27.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денот пред вас ќе ви донесе свежа енергија која ќе го поправи расположението во следните денови. Денес нема да бидете расположени некој да ви укажува што и како да направите. Едноставено денес не сакате никакви ограничувања. Денес вие се сметате за лидер и не сакате ништо да ве попречи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денот го поминувате во променливо расположение. Чувствителни сте и незадоволни. Бидете трпеливи и не оптоварувајте се со непотребни ситници. Потребна ви е поддршка и внимание од семејството. Бидете внимателни со исхраната. Можни се непријатни случувања со лице што го сметате за пријател. Потпрете се на сопствените потенцијали.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пред вас е исклучително активен период. Задоволни сте од сопствените квалитети, оптимистички му пристапувате на животот. Очекувајте промени на подобро. Работите со кои се занимавате бараат иновации, за кои целосно сте подготвени.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Сакате да ја проширите вашата мрежа од бизнис контакти? Денес е идеален ден за тоа. Ќе запознаете многу важни луѓе кои ќе бидат импресионирани од вашите вештини. Не се внесувајте премногу во улогата на посредник, затоа што може да се најдете во непријатна ситуација од која тешко ќе излезете. Денес слушајте го вашиот разум, а не срцето.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес заслужено ќе ја добиете титулата „одличен советник“ на работното место. Не ги штедете вашите мудри совети. Еден од нив ќе му помогне на ваш колега да излезе од кашата во која западнал. Не очекувајте другите постојано да играат онака како што ќе им свирите. Колку повеќе ги притискате, толку повеќе се намалува нивната послушност кон вас.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Насмевнете се. Денес на луѓето околу вас ќе им биде потребна вашата позитивна енергија. Неочекувано ќе станете важен фактор во животот на ваша блиска личност. Некои луѓе не ја заслужуваат вашата лојалност, па стојте подалеку од нив. Но, не грижете се, вашата интуиција и овој пат нема да ве изневери.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Скротете ја љубопитноста и држете се подалеку од туѓите животи. Без да почувствувате, можно е да навлезете во чувствителен аспект од животот на блиска личност. Тоа може да биде причина за нарушување на хармоничните односи. Понекогаш молчењето е злато, па верувајте и на интуицијата кога ви кажува дека треба да го сопрете зборувањето.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Морате да бидете внимателни на работното место, бидејќи некој од соработниците ќе сака да ве намести. Потрудете се да ја проверите секоја информација. Доколку сакате да избегнете посериозни здравствени проблеми, потрудете се да се смирите. Односите со партнерот не се баш сјајни, затоа научете да бидете трпеливи.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сакате се сами да постигнете и тоа ви успева. Ако сакате да постигнете успех, научете да бидете трпеливи. Морате да бидете внимателни со здравјето, бидејќи организмот не трпи многу замор. Прифатете го секој предлог од партнерот и покрај тоа што врската не ви оди во нагорна линија.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Големи се шансите да добиете поголема функција. Бидете упорни и не пропуштајте ја оваа можност. Здравствената состојба не ви е најдобра, внимавајте на бубрезите. Во љубовта имате слатки маки кои лесно ќе ги пребродите. Откако ќе ги согледате овие работи, ќе сфатите дека беспотребно сте се нервирале.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес е вашиот среќен ден. Може да очекувате многу одлични изненадувања. Може да добиете некои неочекувани пари или некој ќе ви предложи многу интересен и потенцијално успешен проект. Прифатете ги опциите кои се пред вас, денес не можете да погрешите. Уживајте во ситните работи што ве прават среќни.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Немојте беспотребно да се нервирате, потрудете се да ги пронајдете сопствените задоволства. Во потрагата за разновидност може да претерате.  Имате потреба да бидате сами за да можете поразумно да донесувате одлуки. Љубопитни сте и упорни, по секоја цена сакате да го добиете она што сте го замислиле. Размислувајте за патувања ако сакате да бидете задоволни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП