19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKTM според продажбата го надмина BMW Motorrad

KTM според продажбата го надмина BMW Motorrad

ktm and bmw

„BMW Motorrad“ 2013-та година ја заврши со најдобра продажба во историјата, но тој резултат е за 12 проценти послаб од продажбата која ја забележа „KTM“.

Со продадени 123.859 мотоцикли, австриската компанија забележа раст од 15.6 процент во споредба со минатата година, а се очекува приходот да биде поголем за 17 проценти.

„BMW“ цврсто ја држи позицијата во САД и на пазарите за „adventure-touring“ мотори, но нема мотоцикли со агрегати со помала зафатнина. „KTM“ се одлучи за целосно нова бизнис стратегија, односно голема понуда на прифатливи мотоцикли со агрегати со помала зафатнина во сите сегменти, од спортски, „naked“, „off-road“, но и натпреварувачки и премиум модели.

Покрај тоа, „KTM“ вложи голем труд во развојот на дополнителни безбедносни системи и додатоци, како системот „Bosch MSX“ и напредниот „ABS“ со што ги привлече купувачите на кои безбедноста им е на прво место.

Истовремено, пристапот кој беше остварен на помалку традиционалните пазари се покажа како полн погодок, што на крајот се виде и во резултатите на крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП