26 април, 2024
ПочетнаФОРЕКСЕврото се промени по објавувањето на позитивните податоци од еврозоната

Еврото се промени по објавувањето на позитивните податоци од еврозоната

evropopop

Еврото се зголеми во однос на американскиот долар, во близина на тринеделниот врв, по вчерашното објавување на позитивните резултати од еврозоната.

Форекс парот EUR/USD во текот на денешното тргување забележа врв на 1.3704, за потоа да се стабилизира на 1.3689.

Парот веројатно ќе најде поддршка на 1.3639, најниското ниво од 13 јануари и отпор на 1.3776, врвот од 2 јануари.

Еврото зајакна по позитивните резултати кои беа подобри и од очекуваните за растот на приватниот сектор во еврозоната.

Активностите во приватниот сектор пораснаа на 53.2 поени во јануари од 52.1 во декември, што ги подгреа надежите дека Европската Централна Банка нема дополнително да ја ублажува монетарната политика како би го поддржала опоравувањето во еврозоната.

Побарувачката за американскиот долар остана под притисок откако вчера податоците од САД покажаа дека првичните барања на невработените се зголемиле во согласност со очекувањата од предходната недела, но бројот на невработени остана над 3 милиони, втора недела со ред.

Според тоа, производството во САД се намали овој месец на 53.7 поени од 55.0 во декември, додека се очекуваше задржување на истото ниво од предходниот месец.

Еврото е стабилно во однос на фунтата, но се намали во однос на јенот и франкот. EUR/GBP минимално се искачи на 0.8220, EUR/JPY падна на 141.55, а EUR/CHF се спушти на 1.2287.

Во однос на канадскиот, австралискиот и новозеландскиот долар, еврото растеше. EUR/CAD порасна на 1.5230,EUR/AUD се крена на 1.5730, а EUR/NZD зајакна на 1.6544.

 

Адмирал Маркетс,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП