19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGolf со хибриден погон пристигнува во 2014-та?

Golf со хибриден погон пристигнува во 2014-та?

golf hibridd

Според најновите информации, „Volkswagen“ до крајот на годината на купувачите ќе им понуди „Plug-in Hybrid“ верзија на моделот „Golf“. Технологијата ќе биде земена од „Audi A3 e-tron“, a автомобилот ќе се продава под името „Golf GTE“.

Најголемот светски производител ќе се обиде на разни начини да ја намали потрошувачката на емисијата на „CO2“ и потрошувачката на гориво во гамата на своите модели. „Volkswagen“ тоа го прави веќе со технологијата „BlueMotion“ и со воведувањето на модели на електричен погон, а на нив наскоро ќе им се придружи и „Golf“ со хибриден погонски систем.

Групацијата „VW“ веќе располага со потребната технологија во модел од слична класа, „Audi A3 e-tron“, па како што пишува „Autocar“, треба да се очекува и хибридниот погон да биде превземен токму од овој автомобил. Во тој случај, „Golf GTE“ за погон ќе добие 1.4 литарски „TFSI“ мотор кој ќе биде поврзан со електромотор кој се напојува со струја од литиум-јонската батерија од 8,8 kWh.

Моќта ќе се пренесува на тркалата по пат на шестстепениот автоматски „e-S tronic“ менувач со двојно квачило. Бензинецот ќе испорачува 150 ks (110 kW), a електромоторот обезбедува 102 ks (74 kW), што на „Golf GTE“ ќе му донесе комбинирана снага од 204 ks (150 kW) и 350 Nm максимален вртежен момент.

Се проценува дека емисијата на јаглерод-диоксид на хибридниот „Golf“ ќе изнесува околу 35 g/km, a во комбиниран режим на возење автомобилот просечно ќе троши 1,5 l/100 km.

„Golf GTE“ е во состојба, користејќи ја исклучиво електричната енергија да помине до 50 km и да развие максимални 130 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП