2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПорасна профитот на Хјундаи

Порасна профитот на Хјундаи

hyundai_factory

Профитот на компанијата Хјундаи порасна во четвртиот квартал од 2013-та година што е за 13 проценти повеќе во однос на истиот период од 2012-та година и тоа благодарејќи на поголемата продажба во странство.

Оваа компанија, која е најголемиот јужнокорејски производител на автомобили, објави дека во четвртиот квартал од минатата година остварила профит од две милијарди долари, но годишниот профит забележал пад од еден процент.

За овој пад на профитот, според компанијата, се виновни помалата побарувачка меѓу домашните потрошувачи, пореметувањето на производството кое дојде поради штрајковите, како и девизните курсеви.

Продажбата во четвртиот квартал опаднала за три проценти, додека годишната продажба во 2013-та година пораснала за три проценти. Компанијата очекува натамошниот раст од продажбата да дојде од странските пазари.

Хјундаи минатата година продаде 4.7 милиони возила, а планот на компанијата за оваа година е продажба од 4.9 милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП