4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLidl ja „избрка“ Кока-Кола од полиците

Lidl ja „избрка“ Кока-Кола од полиците

Coca-Cola lidl

Ланецот на маркети „Lidl“ во Германија од полиците на своите супермаркети ја исфрли Кока-Кола и неколку други производи на познатиот светски бренд.

„Lidl“ кој е втор по големина синџир за храна во Германија, во своите 3.300 објекти во оваа земја од понеделникот нема повеќе Кока-Кола.

Овој радикален потег е последица на војната со цените на „Lidl“ и неговиот конкурент „Aldi“. „Lidl“ пред повлекување на познатиот пијалок ја намалил цената на пакувањето од 1.25 литри за 10 центи. Меѓутоа, Кока-Кола не попуштила на притисокот на споменатиот германски трговски ланец и одбила да ја намали големопродажната цена.

Бидејќи не успеале да се изборат за подобра цена, во „Lidl“ одлучиле од своите полици да ја „избркаат“ не само Кока-Кола, туку и другите газирани пијалоци на американската компанија, како Фанта и Спрајт.

Во „Lidl“ сега ќе се продаваат само пијалоци кои на некој начин можат да ја заменат Кока-Кола, односно кои по вкус се најслични, како Пепси, но и помалку познатата Фривеј-кола.

„Се најдовме во ситуација со „Lidl“ да неможеме да се договориме околу маркетинг стратегијата“, потврди портпаролот на германскиот огранок на Кока-Кола.

Љубителите на Кока-Кола во другите земји, кои купуваат во „Lidl“, можат да земат воздух, затоа што оваа драстична мерка се однесува само за во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП