4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMotorola Solutions ги зголеми приходите и прометот

Motorola Solutions ги зголеми приходите и прометот

motosolu1

Американската компанија „Motorola Solutions“ во четвртиот квартал од 2013 година оствари раст на добивката и прометот и тоа благодарение на постојната побарувачка, пренесува Ројтерс.

Нето профитот на „Motorola Solutions“, која покрај останатото, произведува и полициски радио станици и читачи на бар кодови, за три месеци до крајот на декември 2013 година се зголеми на 343 милиони долари, од 336 милиони долари во четвртиот квартал од 2012 година.

Тоа е раст од 1,31 долари за акција, од 1,18 долари за акција.

Прометот на компанијата во споменатиот период е зголемен на 2,5 милијарди долари, од 2,44 милијарди во последниот квартал од 2012 година.

„Motorola Solutions“ настана во 2011 година по раздвојувањето на компанијата „Motorola“ на две компании – „Motorola Mobility“, производител на мобилни телефони, која подоцна ја презема „Google“ и „Motorola Solutions“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП