6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИзмешани цени по прогнозата на ММФ

Измешани цени по прогнозата на ММФ

Wall-Street

Цените на акциите на Wall Street беа измешани по проценката на ММФ за економијата за оваа година.

Dow Jones падна за 0.27%, S&P 500 индексот порасна за 0.28% додека Nasdaq индексот се зголеми за 0.67%.

Телекомуникацискиот гигант ‘Verizon’ објави заработка и приходи кои ги надминаа очекувањата, додека компанијата ‘Johnson & Johnson’ објави заработка која ги разочара инвеститорите.

Меѓународниот монетарен фонд објави дека очекува раст на глобалната еконимоја за 3.7% во 2014-тата година бидејќи земјите ја напуштаат политиката на штедење.

ММФ ја подигна прогнозата за прв пат во последните две години откако во предходниот период условите беа полоши од очекувањата и во неколку наврати беа принудени да ја намалат својата проценка.

Меѓутоа, веста исто така ги подгреа очекувањата дека Централната банка ќе ја намали стимулативната програма.

Мултинационалните институции предвидуваат дека американската економија ќе порасне за 2.8%, додека октомвриските прогнози беа 2.6%.

Многу инвеститори очекуваат дека ФЕД ќе ја намалат својата програма на квантитативно олеснување на следниот состанок кој ќе се одржи на 29 јануари од 75 на 65 милијарди.

Акциите во Јапонија пораснаа откако Банката на Јапонија го одржа своето ветување дека ќе ја зголеми годишната монетарна основа од 60 на 70 билиони јена, во согласност со очекувањата.

Јапонскиот Nikkei 225 индекс порасна за 0.16%, Hang Seng индексот од Хонг Конг се зголеми да 0.3%, додека австралискиот ASX/200 се намали за 0.22%.

Европските акции пораснаа поддржани од прогнозата на ММФ за глобалниот економски раст.

EURO STOXX 50 зајакна за 0.45%, француски CAC 40 за 0.35%, лондонскиот FTSE 100 порасна за 0.32%, а германскиот DAX 30 се зголеми за 0.18%.

Адмирал Маркетс,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП