Британската влада планира да вгради одреден број на шпионски направи во телекомуникациските мрежи, со цел да надгледува како граѓаните ги гористат сервисите како што се „Facebook“ и „Twitter“, изјавува агенцијата „AP“.
Намерите на британската влада се наведени во извештајот кој го објави парламентарниот комитет за сигурност и шпионажа. Целта на вградување на тие направи, е да се следи активноста на Британците на интернет, од разговори со семејството преку „Skype“, до посета на порнографски интернет страници.
Британската влада наведува дека пристапот до комуникациски податоци е исклучително важен за борба против тероризмот и другите видови на криминал. Властите велат дека главна цел е да имаат увид во податоци, кој ги испраќа тие пораки, кога, како ги испраќа и кој ги прима.
Клучен предизвик за владата, е тие податоци да ги добие од компании од странство кои можеби и не сакаат да постапат според барањата на британските разузнавачки агенции.
Како што пренесуваат британските медиуми, шефот на разузнавачката служба „MI5“, Џон Еванс, во извештајот наведува дека „пристапот во комуникациските податоци од секаков вид е навистина важен“.
Комитетот изјавува дека законите „не ги покриваат проблемите кои настануваат поради новата технологија“, како и дека е потребен „нов пристап“.