2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовартис затвора 500 работни места

Новартис затвора 500 работни места

novartis

Швајцарскиот фармацевтски гигант Новартис, планира во тековната година да затвори 500 работни места.

Новартис, првенствено ќе дели откази во помошните сектори чија специјалност е поддршка на главниот сектор – фармацијата.

Како што е соопштено од страна на швајцарскиот весник 20 Minit, оваа компанија со седиште во Базел, не ги исклучува принудните заминувања, а истовремено предвидува создавање на стотици работни места во фармацевтскиот сегмент, особено во областа на онкологијата. Предвиден е развој во делот на дополнителните медицински препарати, особено течните лекови како што се сирупите за кашлица и настинка.

На тој начин, бројот на вработени во 2014 година би требало да остане стабилен на околу 15.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП