20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.01.2014

Дневен хороскоп 21.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се надевавте на одредена прилика, денес е токму тој ден, особено ако во план ви биле љубовта и романтиката. Денес ќе бидете прилично емотивни и ќе имате потреба за потврда на вашата вредност од страна на оние лица кои се важни на вас. Се ќе биде како што треба, затоа опуштете се.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес би можело да дојде до одредена промена во вашиот дом. Тоа е позитивно иако на вас ви се чини дека вие сте оптеретени со се што се случува. Некој би можел да се всели или исели. Веројатно би требало да направите некакво преуредување за се да биде како што треба. Намалете ја нервозата.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Што и да правите, најдобро ќе го правите ако има до вас и некој друг. Споделете дел од обврските со друга личност и побрзо ќе се ослободите од товарот. Време е да заборавите на калоричната храна во која уживавте за време на празничниот период и да го наполните фрижидерот со здрава и свежа храна. Потрудете се да ги воочите слабостите и да ги контролирате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Избегнувајте расправии, бидејќи нешто може да тргне во погрешен правец. Работете го само она што ве мотивира. Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес тешко ќе можете да ги разберете луѓето, поточно нивните емоции, постапки и реакции. Тоа може да ве направи непријатен соговорник или жесток вербален противник. Не стојте мирни и преземете иницијатива да ги запознаете подобро луѓето околу вас. Поставувајте прашања. Подобро да прашате, отколку да си претпоставувате што се крие во нив.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес одредена личност ќе ја насочи целата своја негативна енергија кон вас, бидејќи во нејзините очи ќе бидете непријател. Движете се со исправена глава и покажете дека нејзините тешки стрели не можат да ја пробијат вашата цврста надворешност.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ви претстои позитивен настан на работното место кој ќе ви влее сигурност, но и ќе ве мотивира да продолжите со напорната работа. Наместо постојано да им судите на луѓето околу вас, денес обидете се да го погледнете светот од нивна перспектива. Ќе ги откриете вистинските причини за нивното за вас несфатливо однесување.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Позитивно сте настроени кон оние што ви се блиски. Луѓето ја ценат вашата љубезност и благодарност. Знаете да ги одберете вистинските зборови и во приватните и во професионалните разговори. Знаете да го одберете најдоброто за себе и за партнерот.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Бидете внимателни денес. Некои планети не ви се наклонети, па овој ден го прават полн со предизвици и потешкотии. Можно е ново познанство од кое нема да бидете сигурни што може да очекувате. Размислете двапати пред да направите нешто за што ќе зажалите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Послушајте ја интуицијата која е особено изразена. Таа ќе ви каже што да направите и како да се однесувате. Сакате некои работи да ги испланирате однапред. Се трудите да ги ублажите проблемите и тоа ви успева. Соработувајте со колегите и не се затворајте во себе, тие ќе ви помогнат да ги завршите задачите навреме.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес е среќен ден за вас и за оние кои ве познаваат. Речиси се што ќе почнете, успешно ќе завршувате. Внимавајте, некои злобни луѓе кои ви завидуваат да не ви го украдат она кое вам ви припаѓа. Бидете сигурни во она што навистина го имате. Внимавајте на финансиите, премногу непланирано трошите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Месечината добро влијае на вас. Овој ден е поволен за нови познанства, а луѓето и колегите околу вас ќе имаат посебна почит за она што ќе го правите. Продолжете да воспоставувате контакти и да ги одржувате, бидејќи тоа е вашата предност. Ќе добивате поддршка и од партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП