26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.01.2014

Дневен хороскоп 20.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес може да одлучите да и се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат. На крајот од денот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски ќе имате многу време за работите кои ве интересираат вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес поради потребите на вашата кариера можеби ќе ги потиснете вашите потреби. Сепак, вашата амбиција ќе биде задоволена со некои информации кои може да ги добиете од далеку. Многу е веројатно дека таа информација ќе ви биде од корист затоа искористете ја без чекање.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес Сонцето ќе започне едномесечно патување низ Водолија, вашиот сектор на пријателството и групните активности. На професионален план насочете се кон тимски проекти и ќе ги зголемите шансите за успех. Не барајте од другите да ве почитуваат – задолжете ги да го прават тоа. Покажете му на светот дека не сте за потценување. Ве очекува успех на професионален план за каков сте копнееле долго време.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Колку и да се надевате и да посакувате нешто да се случи, постои голема веројатност дека ќе се случи нешто сосема друго. Денес помалку планирајте за да не се разочарувате ако работите не испаднат онака како што сакате. Покажете флексибилност и способност за прилагодување кон новонастанатите ситуации.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе се насочите во различни правци, а личната слобода ќе ви биде главна визија, додека зборовите би можеле да бидат вашето најсилно оружје. Не грижете се, прифатете ги работите онакви какви што се и почнете да усвојувате нови навики. Размислувајте на креативен начин. Немате многу среќа со тоа што се случува на финансиски план, затоа задоволете се со тоа што го имате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе ви се зголеми желбата за патување и во следните месец дена ќе ја користите секоја можност за бегство од вашето место на живеење. Значително ќе ви се подобри расположението и ќе бидете како зрак светлина каде и да се појавите. Прифаќајте ги поканите за забави и свечености, движете се на места каде што има многу луѓе и не го избегнувајте склучувањето на нови познанства. Новите контакти ќе ви го збогатат животот со незаборавни доживувања.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Важно е да се фокусирате на завршување на веќе започнатите задачи и обврски кои подолго време ви тежат на глава, наместо да започнувате нови проекти. Не се преоптоварувајте со нешта кои не се итни и кои што можат да почекаат. Повеќе одморајте се и штедете си ја енергијата за да не „прегорите“ кога ќе ви биде важно да блескате.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Што и да правите, најдобро ќе го правите ако има до вас и некој друг. Споделете дел од обврските со друга личност и побрзо ќе се ослободите од товарот. Време е да заборавите на калоричната храна во која уживавте за време на празничниот период и да го наполните фрижидерот со здрава и свежа храна. Потрудете се да ги воочите слабостите и да ги контролирате.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Внимавајте на пријателствата. Исто така и на партнерот кој е избезумен од вашето однесување. Се наоѓате пред важно патување поради кое се чувствувате добро. Потрудете се повеќе да бидете во друштво на пријателите. Бидете внимателни, бидејќи претерувате кога ќе почувствувате дека имате повеќе пари.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Уметнички сте ориентирани. Потрудете се да се докажете во работата. Оние кои не преземаат ништо најдобро е да внимаваат што зборуваат. Почнете да размислувате за промена на професијата. Најдобро од се е тоа што сте свесни за своите способности.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе бидете експерти за хармонична комуникација и убедување. Никој нема да може да ви каже „не“, па искористете го тоа најдобро што можете. Ќе бидете „душата“ на друштвото и во следните четири недели ниту една забава нема да биде комплетна без вашето присуство.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Избегнувајте расправии, бидејќи нешто може да тргне во погрешен правец. Работете го само она што ве мотивира. Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП