26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРон Денис повторно стана шеф на Мекларен во Формула 1

Рон Денис повторно стана шеф на Мекларен во Формула 1

ron denis

Иднината на Мартин Витмарш како директор на тимот на Мекларен во Формула 1 изгледа заврши, откако од компанијата најавија дека неговиот претходник Рон Денис повторно ќе застане на чело на еден од тимовите во автомобилскиот шампионат.

Последната сезона беше доста фрустрирачка за „сребрените стрели“ кои завршија без ниту еден подиум (за прв пат од 1980-та година па наваму) и низ сите 19 трки беа доста далеку од лидерите. Затоа од Мекларен се одлучиле да го вратат 66-годишниот Денис на чело на тимот, а тој ќе ја комбинираа својата нова улога со тековните обврски како директор на одделот за спортски автомобили.

Денис е една од значајните фигури во историјата на Мекларен. Тој беше шеф на тимот во Формула 1 од 1982-та до 2009-та година. Во својата кариера тој има работено со големи шампиони како трикратниот светски првак Аиртон Сена и четирикратниот Алан Прост.

Во оваа година тимот ќе продолжи да вози со мотори на Мерцедес, но од 2015-та, Хонда ќе стане нивни главен снабдувач на мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП