24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.01.2014

Дневен хороскоп 18.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Комуникацијата со вашите пријатели ќе биде одлична. Имате се што ви е потребно со цел јасно и искрено да се искажете без никој да се почувствува навреден. Работите кои ќе ги направите во друштво, ќе ви донесат резултати кои одамна ги посакувате. Можеби ќе треба да поминете подолго време на телефон или компјутер за да ги завршите сите обврски.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе откриете некој ваш талент за кој досега не сте знаеле. Тоа веројатно ќе биде поврзано со модерната технологија, пишувањето или цртањето. Комуникацијата со другите ќе биде топла, отворена и искрена. Може да очекувате одлични резултати во однос на сите аспекти. Очекувате некои разговори да ви отворат повеќе можности за во иднина.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Дополнителниот ентузијазам и проширена работна иницијатива ќе ви покажат дека сте од голема корист. Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес нема да можете да ги поднесувате луѓето кои ви наредуваат што да правите и кои секогаш се однесуваат како мудреци и ви солат памет. Па, нема ни потреба да ги толерирате. Ако некој нема доволно почит кон вашите одлуки и размислувања, тогаш покажете малку строгост и отсечете го.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате благопријатни аспекти на сите полиња кои се од голем интерес за вас, а тоа значи на полето на статусот, на полето на деловноста и професионалните активности, на полето на остварувањата. Уживајте во викендот, ова е поволен период за вас.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес грешките од минатото ќе ви влијаат врз сегашноста, но не на лош начин. Тие ќе ви послужат како лекции за никогаш повеќе да не ги повторите. Разбијте ја монотонијата и ќе се почувствувате подобро во своја кожа. Внимавајте на финансиите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Избегнувајте ги авантурите и донесувањето на одлуки зад кои се крие ризик. Денес нема да можете да расудувате така трезвено како што се очекува од вас. Пред да направите чекор напред, погледнете се и налево и надесно.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Здружете ги своите деловни интереси со проверен тим, кој ветува успешна и долгорочна соработка. Повремено чувствувате недостаток на волја или концентрација во извршувањето на некои рутински задачи. Одморете се викендов, а понеделникот почнете го со нови сили.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Потребно е да одржите добро ниво на успешна соработка, за среќа, имате доволно позитивна енергија. Зголемете ја смислата за вистинските вредности и поставете си нови критериуми во зависност од актуелните случувања.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Утрото можеби нема да можете да се пофалите со одлично расположение, но како што поминува денот, така ќе настапуваат позитивни промени. Во првата половина од денот штедете си ја енергијата и чувајте ја за вечерта кога ве очекува вистинската забава. Одредена средба ќе ви докаже дека во вашиот живот има многу нешта за кои треба да прославите и да се радувате.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Зголемете ја смислата за вистинските вредности и поставете си нови критериуми во зависност од актуелните случувања. Имате добра визија и важно ви е да ја подобрите својата позиција и влијанието на работната сцена за да ги остварите своите цели.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Колку и да се надевате и да посакувате нешто да се случи, постои голема веројатност дека ќе се случи нешто сосема друго. Денес помалку планирајте за да не се разочарувате ако работите не испаднат онака како што сакате. Покажете флексибилност и способност за прилагодување кон новонастанатите ситуации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП