3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmerican Express двојно го зголеми профитот

American Express двојно го зголеми профитот

amerikanex1545545

Нето профитот на најголемиот емитер на пластични платежни картички „American Express“ во четвртиот квартал минатата година е повеќе од двојно зголемен.

Вкупната добивка достигна 1,3 милијарди долари или 1,12 долари по акција, во однос на 637 милиони долари, односно 0,56 долари по акција во истиот период во претходната година, пренесува агенцијата АП.

Приходите на компанијата во последниот квартал од 2013 година се зголемени за пет проценти, во споредба со истиот период во 2012 година и достигнаа вредност од 8,55 милијарди долари.

Постигнатите резултати се поклопија со просечната прогноза на аналитичарите, наведува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП