4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОCoca-Cola нуди над 80 милиони евра за правата на „Бернабеу“

Coca-Cola нуди над 80 милиони евра за правата на „Бернабеу“

santi coca cola

Светскиот концерн за безалкохолни пијалаци „Coca-Cola“ предложил над 80 милиони евра годишно на Реал Мадрид за правата врз името на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанскиот гигант бара нов извор на средства, со кој ќе бидат компензирани дел од астрономски суми потрошени за заслиувањата на тимот. „Кралевите“ дадоа околу 100 милиони евра во септември само за привлекување на Герет Бејл од Тотенхем.

Во Реал веќе имаат и план да ги користат приходите од „Coca-Cola“ за големи проекти за реновирање на „Сантијаго Бернабеу“, кое треба да стартува подоцна во оваа година и да заврши во 2017-та.

Понудата на „Coca-Cola“ е највисоката која клубот ја добил до овој момент. Софтверскиот гигант „Microsoft“ исто така водеше преговори со Реал за правата на името на клупскиот стадион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП