26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBugatti се откажува од Super Veyron и Galibier

Bugatti се откажува од Super Veyron и Galibier

bugi bugi1

Шефот на „Bugatti“, Волфганг Шрајбер, изјави дека неговата компанија не го планира „Super Veyron“ за кој се шпекулираше дека ќе има мотор од 1.600 ks. Тој во разговор за „Top Gear“ потврдил дека и концептот „Galibier“ по бројните одложувања, сепак нема да влезе во сериско производство.

Шрајбер смета дека непотребно е „Veyron“ да има повеќе од 1.200 ks и дека моќта на актуелниот мотор е сосема доволна за актуелната верзија на овој модел.

Кога станува збор за „Galibier“, чиј концепт е претставен уште во 2009-та година, челниците на компанијата долго време се предомислуваа околу реализацијата и дизајнот на продукцискиот модел. Иако во „Bugatti“ во овој автомобил своевремено имаа големи надежи, но по многуте одложувања, компанијата се откажа од неговото сериско производство.

На прашањето која е причинита поради која нема да има продукциски модел на „Galibier“, Шрајбер одговорил дека еден таков автомобил премногу ќе ја „ублажи“ филозофијата на „Bugatti“ како посебен производител на автомобили.

bugi bugi

Тој во разговорот за „Top Gear“ потврдил дека наследникот на актуелниот „Veyron“ е во подготовка и дека основната цел на новата генерација е да ги задржи референците и статусот кој овој модел го има во автомобилската индустрија.

Шрајбер не ја отфрли можноста новиот „Veyron“, како некои модели на другите производители, да добие хибриден погон. Сепак тој додал дека на „Bugatti“ не им е предизвик тоа што на тој план го имаат сторено „McLaren“, „Porsche“ или „Ferrari“.

„Единствен репер и конкурент при конструирањето на новиот „Veyron“ ќе биде актуелната верзија на овој модел“, заклучи Шрајбер.

Во почетокот на декември „Bugatti“ објави дека продале 400 примероци на различни верзии на „Veyron“ и дека во план е испорака на само уште 50 верзии на „Roadster“. Во меѓувреме, како што вели Шрајбер, продадени се уште 7 возила, па така на потенцијалните купувачи на располагање сега имаат само 43 примероци.

Откако тие ќе бидат изработени, кон крајот на 2015-та година, ќе биде завршено производството на актуелниот „Veyron“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП