3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗелениот чај го намалува дејството на лековите?

Зелениот чај го намалува дејството на лековите?

Green-Tea-Cup

Зелениот чај е здрав избор на многу луѓе со висок крвен притисок. Но тој може всушност да го спречи делувањето на одредени лекови.

Имено, нова студија покажува дека лековите за намалување на крвниот притисок се помалку ефикасни доколку од нив конзумирате зелен чај.

Истражувачите предупредуваат на тоа дека зелениот чај може исто така да го редуцира дејството и на некои други лекови.

Предупредувањето е особено битно за пациенти кои страдаат од зголемен крвен притисок и пијат зелен чај наместо кафе за да го намалат внесот на кофеин во организмот.

Јапонски истражувачи го мереле крвниот притисок на десет здрави мажи и жени по земањето лекови.

Тие го добиле лекот двапати, со зелен чај и со вода, па е утврдено дека зелениот чај го намалува ефектот на лековите за дури три четвртини.

Исто така, истражувањето покажало дека овој чај сличен ефект има и врз лековите против ангина и неправилно отчукување на срцето, но и за спречување мигрена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП