5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејвид Мојс следи играчи на ПСЖ

Дејвид Мојс следи играчи на ПСЖ

mojs

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс го следеше дуелот помеѓу ПСЖ и Бордо (3:1) во Купот на Франција.

Пред неколку денови Шкотланѓанецот се појави и на трибините на натпреварот помеѓу Јувентус и Каљари, а според информациите тој следел фудбалери и на двата тима. Посетата во Франција исто така е поврзана со фудбалери, а се претпоставува дека најверојатната цел е Хавиер Пасторе од ПСЖ.

Аргентинецот не се чувствува многу удобно во напад во присуство на Ибрахимовиќ, Кавани и Лавеци и може да одлучи да го напушти тимот доколку има добра понуда за него.

Според француските медиуми, дефанзивецот Тиаго Силва исто така е меѓу зацртаните цели на менаџерот на „ѓаволите“, а причината за тоа се проблемите со новиот договор на Немања Видиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП