22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Kamaz ќе изнесува 2,4 милијарди евра

Профитот на Kamaz ќе изнесува 2,4 милијарди евра

kamaz1

Профитот на рускиот производител на товарни возила „Kamaz“ за 2013 година ќе изнесува околу 3,6 милијарди рубљи (79,2 милиони евра), процени директорот на компанијата Сергеј Когогин.

Тој прецизираше дека минатата година е завршена со промет од 110 милијарди рубљи. „Податоците за профитот сеуште не се пресметани но ние сме уверени дека сме заработиле 3,6 милијарди“, изјави тој на средбата со рускиот премиер Димитриј Медведев.

Когогин напомена дека наведените податоци се однесуваат само за „Kamaz“, но дека постои и неконсолидиран профит и во заедничките претпријатија.

Тој профит во 2012 година изнесуваше 40 милијарди рубљи, а во 2013 ќе биде поголем, рече Когогин и додаде дека од заедничките претпријатија се очекува од една милијарда до една милијарда и двеста милиони рубљи профит.

Тој потсети дека „Kamaz“ го прошири производствотo, привлече нови инвестиции и ги подели со партнерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП