29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolvo ја поврати рентабилноста во 2013

Volvo ја поврати рентабилноста во 2013

volvovolvo55tyu83jms

Шведскиот производител на возила „Volvo“ по загубата од 577 милиони круни (65 милиони евра) во првата половина од 2013 година, успеа благодарение на мерките за штедење, да ја поврати рентабилноста за цела 2013 година, соопштија од компанијата.

Како што пренесува Ројтерс, вкупната продажба на „Volvo“ на глобално ниво во изминатата година е зголемена за 1,4 проценти на 427,840 возила.

Мерките за реструктуирање на продажната мрежа во Кина, исто така дадоа позитивни резултати, така што „Volvo“ на најголемиот светски пазар за автомобили во 2013 година продаде дури 46 проценти повеќе возила, односно 61,146 единици.

На пазарот во САД продажбата во изминатата година е намалена за 10,1 проценти, на 61,233 возила, но во 2014 година компанијата очекува подобри резултати и во овој регион, барајќи надеж во новите модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП