6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКампања на „Суташ“ за промоција на млекото и млечните производи

Кампања на „Суташ“ за промоција на млекото и млечните производи

sutas5597ppppp

– Со презентација на првата реклама што наскоро ќе почне да се емитува на македонските медиуми, млекарницата „Суташ“ денеска и официјално ја стартуваше кампањата за промоција на своите производи.

– Оваа кампања ќе го раздвижи млечниот сектор во Македонија, а почнувајќи од производителите, преку откупувачите, преработувачите и дистрибутерите, до потрошувачите.

Нашата цел да се наметнеме на пазарот со квалитетни производи ја остваруваме бавно, но сигурно. Не се плашиме од конкуренција и убедени сме дека вкусот на нашите производи ќе им се допадне на македонските купувачи, истакна претседателот на Управниот одбор на „Суташ“ Муарем Јилмас кој на средбата со новинарите се вклучи од Турција преку конференциска врска.

Јилмас напомена дека првата етапа од инвестицијата е успешно реализирана лани преку набавка на најсовремена опрема. Следува втората фаза чија цел ќе биде, како што рече, удвојување на производството од сегашните 70 милиони литри на преку 140.

– Меѓу клучните цели на компанијата е и отворање нови работни места што логично ќе следува со оглед на планираното зголемување на производството, подвлече Јилмас.

„Суташ“ ги презема капацитетите на поранешната „Сведмилк“. Во Турција компанијата постои веќе 40 години и освен млеко, традиционално произведува широка палета млечни производи, јогурт, ајран, сирење… Годишниот обрт на фабриката моментно достигнува 750 милиони евра или околу 45 милијарди денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП