2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенфика продава тројца играчи за 75 милиони евра

Бенфика продава тројца играчи за 75 милиони евра

matic garaj

Португалскиот гигант Бенфика ќе ја наполни клупската каса со три големи трансфери.

До крајот на неделава се очекува лисабонските „орли“ да ги продадат своите најголеми ѕвезди Немања Матиќ, Родриго Морено и Есекиел Гарај за вкупната сума од 75 милиони евра.

Морено и Гарај ќе преминат заедно во Зенит за 55 милиони, а Матиќ ќе се врати во својот поранешен клуб Челзи за сума од 20 милиони евра. Во моментов раководството на Бенфика не ги потврди претстојните трансфери, но тренерот Жорже Жезус веќе се помирил со тоа и дека ќе треба да се справи без триото.

„Не знам што да кажам за Матиќ. Сигурен сум само дека тој ќе присуствува на гала вечерта на ФИФА во Цирих. Јас можам само да работам со играчите и да се стремам да ги направам подобри. Ако има трансфери, сигурно ќе дознаам последен. Португалските клубови редовно ги продаваат водечките фудбалери и треба да се навикнеме со тоа“, рече Жезус по синоќешната победа над Порто со 2:0.

Пред дербито на „Луш“ имаше информации дека Матиќ одбил да игра за да не се повреди и на тој начин да пропадне трансферот во Челзи. Србинот сепак беше стартер и помогна за важниот успех кој ја искачи Бенфика на врвот на табелата. Уште пред неколку дена беше познато дека од Зенит се подготвени да платат 35 милиони евра за Родриго Морено, но рускиот прволигаш сега го посакува и централниот дефанзивец Гарај, во чиј договор е наведена ослободувачка клаузула во вредност од 20 милиони евра. Половина од оваа сума ќе отиде во неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП