25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна продажба на концернот „Фолксваген“

Рекордна продажба на концернот „Фолксваген“

koli

Најголемата автомобилска индустрија во Европа, германскиот концерн „Фолксваген“, лани продал над 9,7 милиони, што претставува најголема продажба на групацијата во нејзината историја.

„Фолскваген“ лани забележал раст на продажбата од пет проценти во однос на 2012 година, кога концернот продал 9,3 милиони возила.

– Имајќи ги предвид тешките пазарни услови во целиот свет, „Фоксваген“ оствари многу добар резултат, изјави претставникот на концернот Кристијан Клингер.

Растот на продажбата најмногу се должи на солидните резултати на „Фолскваген“ на кинескиот пазар, каде лани биле продадени 3,27 милиони возила, што претставува зголемување за 16 проценти во однос на 2012 година.

Концернот „Фолксваген“ има 48 погони низ целиот свет, во кои секојдневно се произведуваат по околу 26.000 автомобили. Во состав на концернот се брендовите „Фолксваген“, „Ауди“, „Шкода“, „Бентли“, „Бугати“, „Ламборџини“, „Порше“ и „Сеат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП