10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе подготвува размена Мата за Ди Марија?

Се подготвува размена Мата за Ди Марија?

mata di maria

Англискиот гигант Челзи и рекордерот по титули на Шпанија Реал Мадрид може да направат размена на фудбалери во зимскиот трансфер прозорец, шпекулираат британските медиуми.

Според последните гласини шпанскиот халф Хуан Мата би сакал да настапува во дресот на „кралскиот клуб“, а во исто време Жозе Мурињо не би ја отфрлил евентуална понуда, ако во размената е вклучен Анхел Ди Марија.

„Специјалниот“ одлично е запознаен со квалитетите на аргентинскиот репрезентативец од заедничката работа на „Сантијаго Бернабеу“.

Неименувани извори откриваат дека е сосема можно да се дојде до договор за размена помеѓу двата клуба.

Интерес кон Хуан Мата пројавуваат уште Интер и Барселона, а во исто време Анхел Ди Марија не е задоволен од добиената минутажа, особено по доаѓањето на Герет Бејл во редовите на Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП