25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCom Trade Group ќе биде самостојна фирма

Com Trade Group ќе биде самостојна фирма

comtrade-logo

Компанијата „Com Trade Group“ oдлучи  по повеќегодишниот успех на меѓународниот пазар за софтвер за игри на среќа, гејминг центарот да го реорганизира како независна компанија.

Компанијата под име „Com Trade Gaming“ ќе биде претставена на јавноста на саемот „Ice Totally Gaming“ 2013 во Лондон, соопштуваат од „Com Trade“.

Новата компанија во целост ќе се занимава со производство на напредни „IT“ решенија за употреба во гејминг индустријата и ќе соработува со казино оператори, со производители на машини за игри и со организатори на игри на среќа преку интеренет и преку мобилни платформи.

За претставувањето годинава „Com Trade Gaming“ обезбеди нов идентитет како и презентација на некои од најуспешните производи развиени во текот на изминатата година.

Помеѓу најпопуларните производи и решенија на „Com Trade“ на светскиот пазар се  наоѓа гејминг платформата, софтверски алатки за следење на електронски машини за игра, како и поголем број на игри на среќа наменети за социјални мрежи како што е „Facebook“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП