6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува Opel Astra GTC со 200 ks

Пристигнува Opel Astra GTC со 200 ks

astra gtc

„Opel“ ќе започне да го вградува новиот 1.6 литарски турбо-бензинец со 200ks во моделот „Astra GTC“. Тоа ќе биде најмоќната „Astra“ досега, доколку не се смета нејзината „OPC“ верзија.

Реставрацијата на палетата на мотори на моделите на „Opel“ продолжува со претставувањето на „Astrа GTC“ со нов „ECOTEC“ 1.6 турбо-бензински агрегат кој испорачува 200 ks (147 kW) и максимален вртежен момент од 300 Nm.

Станува збор за мотор кој премиера имаше на моделот „Opel Cascada“, a пред овој агрегат, најмоќната „Astra“ со бензински мотор, освен „OPC“ моделот, имаше 180 ks.

Од „Opel“ соопштија дека верзијата со нов мотор е во состојба од 0 дo 100 km/h да стигне за 7.9 секунди. Истото време е потребно за забрзувањето од 80 дo 120 km/h во петта брзина, додека максималната брзина изнесува 230 km/h.

Иако оваа „Astra“ е најмоќна досега, во „Opel“ тврдат дека успеале да ја подобра ефикасноста во потрошувачката на гориво за 13 проценти. Според фабричките податоци, автомобилот во комбиниран режим троши 6,6 l/100 km со CO2 емисија од 154 g/km.

„Opel Astra“ со новиот мотор ќе се појави во продажните салони веќе напролет, а препорачаната цена во Германија ќе изнесува 25.250 евра со вклучен данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП