5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајскапите јануарски фудбалски трансфери

Најскапите јануарски фудбалски трансфери

tores transferi

Со отворањето на јануарскиот преоден рок во фудбалот, конечно може да започне подобрувањето на состојбата на тимовите. Иако тренерите се обидуваат идеално да ги балансираат своите тимовите уште во текот на летото, недостатокот во составот, ненадејната криза со повреди или едноставно желбата за подобрување на силата на тимот, може повторно да ги врати на пазарот.

Една од клетвите на овој преоден рок е фактот дека сезоната е преполовена и трансфер сумите се вештачки надуени, така што многу клубови на крајот плаќаат прилично повеќе за играчи кои во летниот преоден рок се проценуваат на доста помалку. Пазарот е веќе отворен, па ги избравме 10-те најголемите трансфери склучени во јануари, оценувајќи ги секој од нив како „погодок“ или „пропуст “ во зависност од презентацијата на соодветниот играч.

Ова се најголемите трансфери во зимскиот преоден рок досега:

10. Кларенс Сидорф

Декември 2000-та година од Реал Мадрид во Интер за 35.3 милиони долари.

Пропуст.

9. Луис Суарез

Јануари 2011-та година од Ајакс во Ливерпул за 23,5 милиони фунти.

Погодокот (Суарез е водечкиот стрелец во Премиер лигата, оваа сезона).

8. Клас Јан Хунтелар

Јануари 2009-та година од Ајакс во Реал Мадрид за 24 милиони фунти.

Пропуст (Хунтелар имаше проблеми со постигнувањето на голови во Ла Лига).

7. Давид Луис

Јануари 2011-та година од Бенфика во Челзи за 26,5 милиони фунти.

Погодок (Луис е прилично добар фудбалер, кој може да се прилагодува на повеќе позиции).

6. Вилијан

Јануари 2013-та година од Шахтјор Донецк во Анжи Махачкала за 31 милиони долари.

Пропуст (Вилијан не се задржува долго во Анжи).

5. Един Џеко

Јануари 2011-та година од Волфсбург во Манчестер Сити за 32,5 милиони фунти.

Погодок (Џеко ја освои титулата во Премиер лигата со Манчестер Сити).

4. Лукаш Моура

Јануари 2013-та година од Сао Паоло во ПСЖ за 35 милиони фунти.

Пропуст (Лукаш Моура има тешка сезона со тимот на ПСЖ).

3. Енди Керол

Јануари 2011-та година од Њукасл во Ливерпул за 36 милиони фунти.

Пропуст (Керол не успеа да се наметне на Енфилд).

2. Кристијан Виери

Јануари 1999-та година од Лацио во Интер за 39,5 милиони фунти.

Погодок (Виери честопати беше реализатор за Интер).

1. Фернандо Торес

Јануари 2011-та година од Ливерпул во Челзи за 51,5 милиони фунти.

Пропуст (Во Челзи Торес не ја оправда така огромната трансферна сума која беше платена за него).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП