Португалскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид Кристијано Роналдо го потврди своето присуство на доделувањето на наградата за најдобар фудбалер во 2013 година.
Роналдо беше лут на претседателот на ФИФА Сеп Блатер кој го имитираше и исмеваше на универзитетот „Оксфорд“ и поради тоа присуството на Португалецот на церемонијата за доделувањето на „Златната топка“ беше доведено во прашање.
Сепак, по победата над Селта со 3:0 во која Роналдо постигна два гола, тој синоќа на новинарите им изјави дека ќе
оди на свечената церемонија кога ќе се прогласуваат најдобрите.
Светската фудбалска асоцијација – ФИФА на 13 јануари во Цирих (Швајцарија) ќе ја додели „Златната топка“ на најдобриот фудбалер во 2013 година.
Роналдо е прв фаворит за оваа награда пред Лионел Меси кој го доби ова признание во четирите претходни години. Во најтесниот избор влегува и Френк Рибери од Баерн Минхен.