2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDaimler инвестира 200 милиони евра во нов тест центар

Daimler инвестира 200 милиони евра во нов тест центар

daimler centar

Во пресрет на објавувањето на производните и продажните рекорди, „Daimler“ соопшти дека има намера да инвестира 200 милиони евра во нов тест и технолошки центар лоциран во јужниот дел на Германија, поточно во Гизинген-Имендинген.

„Во процесот на спроведување на нашата технолошка офанзива, новиот тест и технолошки центар ќе направи голем придонес кон неа. Ние веруваме дека локацијата во Имендинген е уште еден важен дел од нашата глобална експанзија“, вели Томас Вебер, член на бордот на „Daimler“ одговорен за истражување и развој на Групацијата.

Новиот, ултра-модерен центар за идните автомобилски технологии, каде што германската компанија ќе ја тестираат и развива самоуправувачката технологија, би требало да донесе 300 нови работни места. Во исто време, центарот ќе придонесе за натамошен развој на конвенционалните електрични мотори со внатрешно согорување.

Германската компанија планира да лансира дури 13 нови модели до крајот на 2020-та година. Оваа година беа пласирани рекордни 1,4 милиони патнички возила, а беа произведени рекордни 1.5 милиони возила.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП