4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP ја зголеми бројката на откази за уште 5.000

HP ја зголеми бројката на откази за уште 5.000

hp kompani

За 5.000 вработени во компанијата „HP“ ова нема да биде среќен крај на годината. „HP“ уште претходно го претстави својот план за намалување на работната снага за 29.000 вработени во период од неколку години, но тој број сега е зголемен на 34.000.

Оваа промена ќе се случи од денеска до октомври 2014-та година, а „HP“ ваквиот чекор го оправдува како последица на „константниот бизнис и пазарен притисок“.

Потенцијалните 34.000 откази се драматични 11 проценти од вкупната работна снага на компанијата „HP“. Извршниот директор на „HP“, Мег Вајтман започна со реализација на овој план уште минатата година се со цел компанијата да се врати на стабилните бизнис патеки.

Од „HP“ истакнуваат дека проблемите се на многу полиња, особено во десктоп и сервер сегментот. Од друга страна, сервисите, софтверот и решенијата за печатење бележат позитивни резултати.

Планот за дополнителните 5.000 откази е објавен за време на прикажувањето на резулатите од работењето на компанијата во последниот квартал од годината, иако одлуката е донесена уште во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП