17 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехнички анализи 31.12.2013

Технички анализи 31.12.2013

jhjhkjkj

Во пресрет на последниот ден во 2013-та година ви претставуваме неколку технички анализи за главните светски валути.

Оваа година ја одбележавме со неизвесноста на трендот кај главниот валутен пар EUR/USD но и со оштриот долгорочен пад на јапонската валута Јен, која потона во однос на сите други валути речиси за 50%.

Како за крај на годината верно е да очекуваме корекција кај јапонскиот јен притоа денес ви предлагаме поставување на продажни налози кај форекс пароовите USD/JPY, GBP/JPY и ЕУР/JPY на пократок еднодневен период.

Валутниот пар USD/JPY најверојатно го достигна максимумот за 2013-та година на цена од 105,50, моменталната цена изнесува 104,95, а и воедно е добро ниво за продажба, со јачина на сигнал од 70% е можен пад до едно повлијателно ниво на 103,85 што би претставувало и разлика од 110 пипа или реализација на профит од 1100 долари за продажба со големина од 1 лот или 110 долари за 0,1 лот.

usdjpy-proh

Кај валутниот пар GBP/JPY или Британска Фунта во однос на Јапонски Јен, исто така цената е пре-купена или “Overbought”, моментално изнесува 172,95 а при евентуален денешен пад најверојатно ќе се корегира до 170,65 или подолу на 167,15 до крајот на оваа недела или во првите денови на новата 2014-та година.

gbpjpy

Најпопуларниот валутен пар EUR/USD оваа година навистина не измачи со еден неодреден тренд, но сепак забележува каков-таков раст, и достигна максимално високо ниво од 1,3895 во претходната недела и е со сеуште тенденции да расте. За денес може и да не се очекува некој значителен  тренд, цената е под силен притисок од купувачите и продавачите и притоа е формиран еден “Ренџ” пазар но во горната зона над 1,3750. Поголеми шанси постојат за повторен скок на цената на еврото во однос на доларот, каков што и е генералниот тренд на подолг временски период, а при евентуален раст денес би очекувале можеби и уште еден највисок врв до цена 1,3950.

eurusd-prodail

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП