17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDelhaize не си заминува од Србија, туку отвора уште продавници

Delhaize не си заминува од Србија, туку отвора уште продавници

delhaize

Малопродажниот ланец „Delhaize-Serbia“ има во план во Србија да отвори 10 до 20 нови објекти и да вложи околу 45 милиони евра, колку што беа вложени и во оваа година.

Како што изјави генералниот директор на оваа компанија, Џон Кирицис, во план е вработување на околу 600 нови работници. Моментално „Delhaize-Serbia“ има околку 380 малопродажни објекти и околу 11.000 вработени.

Коментирајќи ја можноста за доаѓање на нови трговски ланци, Кирицис рече дека е добро кога постои конкуренција и кога доаѓаат нови играчи на пазарот, затоа што тоа ќе доведе до подобри услови за потрошувачите, а цените ќе бидат поволни.

„Не се плашиме од конкуренција, ние ја сакаме, затоа што таа влијае за подоброто работење и тоа ќе не поттикне да работиме уште подобро“, вели Кирицис.

„Delhaize“ има намера да остане на српскиот пазар, затоа што Србија за оваа компанија претставува стратешки пазар, кој има голем потенцијал за раст. Најдобар доказ за тоа е изградбата на новиот дистрибутивен центар во Стара Пазова во кој ќе бидат вложени околу 50 милиони евра.

Кирицис оценува дека е многу задоволен од работењето во оваа земја, но „Delhaize“ не успеа да ги оствари очекуваните резултати поради кризата во која се наоѓа земјата.

„Сепак, постигнавме раст, лидери сме на овој пазар и задоволни сме со тоа“, оцени Кирицис.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП