7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon оствари рекордна продажба за празниците

Amazon оствари рекордна продажба за празниците

amazon345

„Amazon“ во овогодинешната празнична сезона оствари рекордна продажба, иако некои божиќни пратки доцнеа поради проблемите во курирските компании „UPS“ и „Fedex“.

Иако официјалните податоци за глобалната продажба сеуште не се пристигнати, само на 2. декември, еден ден по американскиот празник Ден на благодарноста, кој е традиционалниот ден за најголемото онлајн купување, „Amazon“ регистрираше 36,8 милиони нарачки, пренесува агенцијата Франс прес.

Кoмпанијата исто така соопшти дека во третата недела од декември добила повеќе од еден милион претплатници во својот сервис „Prime“, кој комбинира бесплатна достава на нарачаната стока, во рок од два дена, и пристап до дигиталната содржина (филмови, серии, книги…).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП