4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦената на Митроглу е околку 30, 40, па дури и 50 милиони...

Цената на Митроглу е околку 30, 40, па дури и 50 милиони евра

kostas

Клубовите кои се заинтересирани за напаѓачот на Олимпијакос со сигурност добро ќе размислат кога ќе ја слушнат грчката проценка на вредноста на Костас Митроглу.

Олимпијакос одреди, поточно не толку добро дефинираше, колку чини Костас Митроглу, одличниот напаѓач кој го привлече вниманието на евроспките клубови.

Фудбалерот за кого се интересираат Арсенал, Ливерпул и уште неколку екипи, импресионираше сезонава, а неговиот тренер смета дека Митроглу има висока цена и дека клубовите ќе мораат да го одврзат ќесето доколку сакаат да го ангажираат.

„Тој е фудбалер кој заслужува да игра во најголемите клубови во Европа и светот. Покрај тоа што е врвен стрелец, тој исто така создава можности за соиграчите и максимално учествува во играта. Костас многу напредуваше и гледајќи ја моменталната ситуација во фудбалот, цената на фудбалер каков што е тој се движи од 30, 40, па до 50 милиони евра“, вели Мичел, тренерот на грчкиот гигант.

Инаку, Митроглу неодамна потпиша нов договор со Олимпјакос до 2017-та година во кој беше избришана откупната клаузула која претходно изнесуваше 7 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП