
Фудбалската федерација на Македонија синоќа на пригодна свеченост ги доделни наградите за најдобрите во 2013 година.


Фудбалската федерација на Македонија синоќа на пригодна свеченост ги доделни наградите за најдобрите во 2013 година.
Долгогодишниот репрезентативец и капитен на германскиот Мајнц, Николче Новески ја доби наградата за најдобар фудбалер на Македонија за 2013 година, додека во конкуренција на играчи од домашното првенство награден е фудбалерот на Хоризонт Турново, Дејан Блажевски.
Шампионската титула на стратегот на Вардар, Благоја Милевски му донесе признание.
Наградата фер-плеј ја доби ФК Работнички, а претсеателот на овој клуб Драган Поповски е прогласен за спортски работник во 2013 година.
Головите постигнати во претходното првенствово дресот на Вардар, на интернационалецот Јован Костовски му ја донесоа наградата најдобар стрелец.
За најмлад фудбалер е прогласен Марјан Радески од ФК Металург, а најдобра младинска екипа е ФК Металург.
Најдобар тренер во младински категории е Александар Васовски, а најдобар стрелец кај младинците – Мартин Христов од Македонија ЃП.
Наташа Андонова е најдобрата во конкуренција на фудбалерките, а Елена Јаковска е најдобриот стрелец во женскиот фудбал.
Најдобар тренер во женска конкуренција е Астрид Мерко.
Во футсал најдобар играч на Македонија за 2013 година е Драган Петровиќ (Скопје 2011), а тренер Зоран Лекиќ (КМФ Скопје).
Димитар Мечкаровски е прогласен за најдобар фудбалски судија за 2013 година, а награда за животно дело му припадна на екс селекторот на Македонија, предводникот на првиот натпревар на Македонија против Словенија, Андон Дончевски.